Невил за Челси: „Немаат поим што прават“

Легендарниот англиски фудбалер и аналитичар, Гари Невил не штедеше критики за ситуацијата во Челси, велејќи дека сопствениците направиле сериозни грешки во водењето на клубот

Прегледи:

Датум:

Легендарниот англиски фудбалер и аналитичар, Гари Невил не штедеше критики за ситуацијата во Челси, велејќи дека сопствениците направиле сериозни грешки во водењето на клубот.

Невил ја анализираше одлуката на одборот на тимот да го отпушти Лиам Розениор по нешто повеќе од три месеци, откако неодамна му беше даден договор од шест и пол години.

„Сопствениците го направија ова катастрофално лошо. Го кажав тоа и тогаш – тие имаат талентирани играчи, но и неискусни спортски директори кога станува збор за европскиот фудбал. А сопствеништвото е ново, само неколку години во клубот. Мора да има искуство некаде“, рече Невил.

Тој особено се осврна на долгорочните договори што ги нуди клубот.

„Овие шест или осумгодишни договори… тоа е смешно од самиот почеток. Без разлика дали станува збор за тренер или играч. Сопствениците немаат поим што прават.“

Невил, исто така, ги призна своите грешки како сопственик, но нагласува дека е важно да се препознае проблемот.

„Направив големи грешки како сопственик, но мора да го прифатите тоа. Јавно зборував за предизвиците што ги имавме.“

Легендата на Јунајтед нема дилема за Челзи.

„Во фудбалот добивате она што го заслужувате и ова е одраз на нивната работа, а не на менаџерот на кој, реално, можеби не требаше да му се даде улогата толку брзо.“

Сепак, тој разбира зошто работата во Челси е привлечна.

„Не можете да одбиете понуда како таа, разбирам зошто ја прифати. Но, сега мора да продолжи понатаму и да ја остави зад себе што е можно поскоро.“

Заклучокот е јасен: „Тоа е клуб што донесува малку луди одлуки.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...