Официјално: Нкунку го напушти Милан и се врати во својот стар клуб

Тој нема да го носи дресот на „росонерите“ оваа сезона, туку ќе биде на позајмица

Прегледи:

Датум:

РБ Лајпциг го донесе францускиот напаѓач Кристофер Нкунку од Милан на позајмица со опција за откуп, објави бундеслигашкиот клуб во вчера.

Дваесет и осум годишниот фудбалер се враќа во Лајпциг откако играше за клубот од 2019 до 2023 година. Во тој период, тој постигна 70 гола и освои два германски купа, а во сезоната 2022/2023 ја подели титулата најдобар стрелец во Бундеслигата.

„Нкунку веќе покажа исклучителен талент што им носи на тимовите способност да одлучуваат натпревари“, рече спортскиот директор на Лајпциг, Марсел Шефер.

Нкунку, кој ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, се пресели во Челси во 2023 година. Тој се мачеше со повреди на „Стемфорд Бриџ“, но со тимот ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство.

Минатата година потпиша за Милан и постигна осум гола во 35 настапи во сезоната 2025/2026. Тој исто така има 18 настапи за француската репрезентација.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Манчестер Јунајтед го смета преодниот рок за незадоволителен

Шефовите на Манчестер Јунајтед неофицијално заклучија дека последниот преоден...

„Каква срамота, каква мафија“ Винисиус не ги штедеше судиите по црвениот картон против Виљареал

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на контроверзиите...

Лејкерси не застануваат на пазарот и сакаат нови засилувања

Дури и по трите „трејда“ ова лето, Лос Анџелес...