Олимпик Марсеј се соочува со исклучување од УЕФА поради долгови од 157 милиони евра!

Олимик Марсеј, поранешниот европски шампион, се соочува со огромен скандал. Може да биде исклучен од европските натпреварувања поради акумулираните долгови

Прегледи:

Датум:

Олимик Марсеј, поранешниот европски шампион, се соочува со огромен скандал. Може да биде исклучен од европските натпреварувања поради акумулираните долгови.

Според дневниот весник „Л’Екип“, Марсеј може да остане без настап во следната натпреварувачка сезона на УЕФА, бидејќи загубите на клубот во последните три сезони достигнаа 157 милиони евра.

Гигантот од Велодром потпиша обврска со Европската фудбалска унија (УЕФА) да постигне финансиска рамнотежа од 2022 година во согласност со правилата за финансиски фер-плеј. Овој договор предвидуваше максимална загуба од 60 милиони евра во текот на три сезони. Претходно, Марсеј доби умерена санкција поради овој договор, па сега може да плати висока цена.

Според информациите од Франција, претставниците на УЕФА ќе го разгледаат целиот случај оваа недела.

Во последната сезона во Лига 1, Марсеј го освои петтото место, што им дава можност за настап во Лигата на Европа.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...