Перез бесен влегол во соблекувалната на Реал по елиминацијата од ЛШ, Ѓулер морал да излезе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно влегол во соблекувалната на „белите“ веднаш по нивното испаѓање од Лигата на шампионите за да им каже на играчите што мисли за тековната сезона

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно влегол во соблекувалната на „белите“ веднаш по нивното испаѓање од Лигата на шампионите за да им каже на играчите што мисли за тековната сезона.

Според извештаите и сториите што кружат на социјалните мрежи, претседателот на Реал бил бесен по елиминацијата и одржал говор пред играчите во кој рекол дека сезоната била неуспешна.

Порталот „Гол“ ја сподели со своите милиони следбеници на Инстаграм ситуацијата што наводно се случила по испаѓањето на Реал од Лигата на шампионите (1:2, 3:4 против Баерн). Се забележува дека му рекол на Арди Гулер: „Излези, не гледај што се случува сега“.

После тоа, двократниот стрелец од вчерашниот натпревар бил виден како си заминува сам, додека зад затворени врати следеле остри зборови.

Јутјуб/Принтскрин/NL7Football

Во говорот пред играчите, Перез наводно рекол: „Една сезона без трофеј е неуспех, две се неподносливи. Ви благодарам за вашиот труд денес, но сезоната беше целосно разочарување. Играњето за Реал Мадрид е привилегија, но и голема обврска. Многумина од вас не ја исполнија. Барем завршете го првенството со достоинство“.

Реал е многу блиску до тоа да ја заврши сезоната со празни раце. Долго време не се во Купот, а сега не се ниту во Лигата на шампионите.

Што се однесува до шпанското првенство, тие моментално се на -9 во споредба со лидерот Барселона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...