Висок пораз за македонските кошаркарки на гостувањето во Солун

Македонската женска кошаркарска репрезентација попладнево загуби од грчката репрезентација на гостински терен со 101:47

Прегледи:

Датум:

Македонската женска кошаркарска репрезентација попладнево загуби од грчката репрезентација на гостински терен со 101:47.

Домашната селекција во целост ја оправда фаворитската улога и дојде до третиот триумф во групата „Ф“.

Мерит Хемпе средбата ја заврши со 21.поен, осум скока и две асистенции.

Стојановска реализираше седум поени, четири скока и три асистенции, а Селцова имаше шест поени, седум скока и пет додавања.

По овој меч, репрезентацијата на Македонија останува на скор (1-4), во пресрет на последното 6. коло и дуелот со Хрватска, закажан за 17. март во салата „Градски парк“ во Скопје.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...