Приказната за „измамата“ на Манчестер Сити стигна до другата страна на светот.
Пол Погба беше замолен за време на престојот на Гран При на Сингапур да ја коментира ситуацијата во која се најде неговиот поранешен градски ривал.
„Искрено, немам што да кажам. Само се надевам дека сето ова нема да влијае на Премиер лигата. И се надевам дека ќе ги вратиме нашите две титули“, рече светскиот шампион од 2018 година со Франција со насмевка и доза на иронија.
Според порталот „The Athletic“, Манчестер Сити би можел да се соочи со сериозни санкции, вклучително и можноста да му бидат одземени шампионските титули освоени во спорниот период.
За време на двата престои на Погба на „Олд Трафорд“ (2009–2012 и 2016–2022), Манчестер Јунајтед двапати ја заврши сезоната на второто место, веднаш зад својот градски ривал. Двете сезони беа одиграни во периодот опфатен со финансиските неправилности на Сити. Првиот пат ова се случи во сезоната 2011/12, а потоа повторно во сезоната 2017/18.
Јунајтед беа второпласирани во сезоната 2020/21, но таа сезона не е опфатена со постапката против Сити.


