Реакција на Ал Хилал на случајот „Роналдо“: Не знаеме зошто е лут?

Прегледи:

Датум:

Настаните на крајот од зимскиот преоден рок предизвикаа бура во Саудиска Арабија, а во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо, на кого не му се допаѓа пасивноста на неговиот Ал Наср на фудбалскиот пазар.

Во понеделникот, Роналдо одби да излезе на теренот на натпреварот од лигата против Ал Ријад, незадоволен од третманот што неговиот клуб го добива од Саудискиот јавен инвестициски фонд. Тој верува дека Ал Наср не е еднаков на другите клубови финансирани од овој фонд, вклучувајќи го и Ал Хилал, кој потпиша со Карим Бензема на самиот крај од преодниот рок.

Португалецот е исклучително фрустриран од неможноста на неговиот Ал Наср да донесе звучни засилувања, па веста дека нивниот ривал за титулата го донесе неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид и освојувач на Златната топка во 2022 година бесплатно беше последната капка што ја прелеа чашата.

Гневот на Роналдо предизвика многу контроверзии на Блискиот Исток, поради што и извршниот директор на Ал Хилал, Естевео Калзадо, исто така се огласи и ја коментираше целата ситуација.

„Зошто е лут? Ќе треба да го прашате него. Ни е дадена единствена можност бидејќи баравме напаѓач, а Бензема е освојувач на Златната топка и има исклучителен талент. Покрај тоа, тој не мора да се прилагодува на нашата лига, тоа функционираше совршено за нас и веќе ги гледаме комерцијалните придобивки“, нагласи Калзадо.

Патем, Ал Хилал моментално е лидер во Про лигата, само еден бод пред второпласираниот Ал Наср, по три нерешени резултати.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/Saudi Pro League

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...