Монако го повлече Погба од составот за Лигата на шампионите, „кнезовите“ бараат начин да го раскинат договорот

Прегледи:

Датум:

Монако одлучи да го повлече Пол Погба од составот за Лигата на шампионите. Французинот потпиша со клубот пред шест месеци, но одигра само три натпревари и вкупно 30 минути. Последната повреда што ја доби беше во декември на бутот и сè уште не е опоравен, а клубот признава дека немаат поим кога ќе биде подготвен.

„Целиот медицински оддел е фокусиран на наоѓање решение. Прво треба да продолжи со тренинзите, а потоа можеме да размислиме за негово вклучување во натпреварите. Кога повторно ќе почне да тренира? Немаме јасен одговор на тоа прашање“, рече директорот на Монако, Тијаго Скуро.

Погба има договор до јуни 2027 година. Сепак, неговото отстранување од составот за Лигата на шампионите е знак дека неговата иднина во тимот е далеку од сигурна. Пред неколку дена се појави информација дека клубот веќе бара можност предвреме да го раскине договорот на Французинот.

Монако се среќава со ПСЖ во плејофот за 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/АС Монако

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...