Реми без голови на БиХ и Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија извлече реми без голови со репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва на преполното Кошево. За пријателски натпревар, кој го проследија над 30.000 фанови, имаше доста агресивни стартови и груба игра

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија извлече реми без голови со репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва на преполното Кошево. За пријателски натпревар, кој го проследија над 30.000 фанови, имаше доста агресивни стартови и груба игра.

Во четвртата минута, можеби најдобрата шанса на целиот натпревар за домашниот тим. Ударот на Алајбеговиќ од блок ја погоди пречката од голот на Димитриевски.

Бошњаците продолжија да притискаат, а Бајрактаревиќ не искористи нова можност.

Македонија пропушти огромна шанса во 32-та минута. Радељиќ спаси чист гол по грешката на Катиќ и ударот на Миовски.

До крајот на првото полувреме, имаше уште една добра шанса на двете страни, но немаше голови. Баждар не ја искористи најдобрата, погодувајќи ја стативата.

Домаќините имаа лоша среќа за време на загревањето. Имено, се повреди третиот голман на Босна и Херцеговина – Осман Хаџикиќ, кој беше изнесен од теренот на носилки. Првичните проценки велат дека задната ложа е повредена.

Во остатокот од натпреварот немаше можности како во првото полувреме. Демировиќ не ја искористи најдобрата, шутирајќи покрај голот во 68-та минута.

Македонија одигра цврсто и на моменти грубо и тоа придонесе да ја сочуваме мрежата „сува“. Резултатот не се промени до крајот на натпреварот и остана 0:0.

Следниот натпревар за „црвено-жолтите“ е против Турција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...