Ридигер по сезоната без трофеј на Реал Мадрид: Што сакате, да плачеме?

Антонио Ридигер останува во Реал Мадрид уште една сезона. Иако „кралскиот клуб“ сè уште официјално не го објави тоа, германскиот дефанзивец ќе го продолжи договорот, што веќе го објави АС

Прегледи:

Датум:

Антонио Ридигер останува во Реал Мадрид уште една сезона. Иако „кралскиот клуб“ сè уште официјално не го објави тоа, германскиот дефанзивец ќе го продолжи договорот, што веќе го објави АС. Ова може да се заклучи од веб-страницата на Реал, каде што Ридигер сè уште е наведен меѓу играчите, за разлика од Алаба и Карвахал, кои се отстранети од списокот, пишува АС.

Дефанзивецот моментално е со германската репрезентација на подготовки за Светското првенство, а во интервју за британскиот „Гардијан“ зборуваше за тешкотијата во последните две сезони. „Може да се случи да поминат две години без да се освои титула, но тоа не треба да стане нормално“.

Тој се осврна и на настаните во соблекувалната: „Кога не победувате, има многу врева за сè. Има многу работи… не би рекол поважни… но ова е фудбал, тоа може да се случи“.

Конечно, Ридигер зборуваше за тоа како тимот мора да се постави за повторно да освојува титули. „Само треба да преземеме правилни мерки и да бидеме искрени со себе, да извлечеме правилни заклучоци и да продолжиме понатаму уште една година. Многу едноставно. Што сакате да направиме? На крајот на денот, сè уште да плачеме за минатите сезони? Не. Ќе ги извлечеме правилните заклучоци и ќе продолжиме понатаму, бидејќи она што е изгубено сега не може да се врати“, заклучи тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Инфантино не одговори на прашањето за оставка, ниту дали ќе се кандидира за нов мандат во ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одби да разговара за...

🎬Влаховиќ го реши дербито на Истанбул – Бешикташ го победи Фенербахче со голот на српскиот напаѓач

Бешикташ го победи Фенербахче со 2:1 во големото истанбулско...

Голем бод за Шалке: Баерн киксна во Гелзенкирхен

Играчите на Баерн Минхен беа запрени на гостувањето против...

Интер со голем пресврт против Наполи, Лаутаро го реши дуелот

Фудбалерите на Интер го победија Наполи во драматично дерби...