Сар го заменува Салах во Ливерпул!?

Ливерпул бара наследник на Мохамед Салах, а Исмаила Сар од Кристал Палас се појавува како фаворит.

Прегледи:

Датум:

Ливерпул бара наследник на Мохамед Салах, а Исмаила Сар од Кристал Палас се појавува како фаворит. Откако Брајтон побара повеќе од 90 милиони евра за Јанкуба Минте, Ливерпул се сврте кон 28-годишниот Сенегалец, за кого наводно веќе испратиле понуда од 59 милиони евра.

Сар претходно играше за Вотфорд во Англија, потоа помина една сезона во Олимпик Марсеј, а е член на Кристал Палас од 2024 година. Токму во Палас ги даде своите најдобри настапи – на 92 натпревари постигна 33 гола и регистрираше 10 асистенции.

За Вотфорд, тој имаше 34 гола и 19 асистенции во текот на своите четири сезони, додека во Марсеј беше многу поскромен, со пет гола и осум асистенции.

Сенегалецот никогаш не играл во Лигата на шампионите, но во Лигата на Европа постигна шест гола и исто толку асистенции. Тој постигна девет гола во 13 настапи за Палас во Конференциската лига.

Галатасарај исто така беше заинтересиран за Сар, но Палас ги отфрли понудите на турскиот клуб. Сенегалецот сега наводно се договорил за личните услови со Ливерпул и сака да се пресели на Енфилд.

Сепак, големото прашање е дали Сар може да биде достојна замена за Салах. Ливерпул веќе го потпиша Виктор Муњоз, но наоѓањето нов Салах или Садио Мане ќе биде многу потешка задача.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...