Пелистер пресилен за црногорски Ловќен

Еурофарм Пелистер го совлада со 45:33 (24:15) црногорскиот тим Ловќен Цетиње во второто коло од Регионалната ракометна лига

Прегледи:

Датум:

Еурофарм Пелистер го совлада со 45:33 (24:15) црногорскиот тим Ловќен Цетиње во второто коло од Регионалната ракометна лига.

Црногорскиот шампион имаше почетна предност, но битолскиот тим брзо ја презеде иницијативата и го наметна својот ритам. Како што одминуваше натпреварот, разликата растеше, а Ловќен не можеше да одговори на агресивната игра на тимот на Лино Червар.

Пелистер практично го реши прашањето за победникот до паузата. На полувремето резултатот беше +9 во корист на домаќините, а остатокот од играта донесе слична слика. Битолскиот тим ги контролираше настаните на теренот и го приведе натпреварот до крај без поголеми проблеми.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Филип Кузмановски со 14 гола. Лука Вујовиќ и Божо Анѓелиќ постигнаа по седум гола за тимот на Ловќен.

Ова е втор пораз за тимот од Цетиње во регионалното натпреварување, додека Пелистер на домашен терен покажа зошто ќе биде еден од тимовите против кои ќе биде тешко да се освојат бодови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Продолжуваат да се зголемуваат проблемите на Карик пред тешкото патување во Лигата на шампионите

Мајкл Карик се соочува со нови проблеми откако двајца...

Киву: Лигата на шампионите не се освојува само со пари

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, разговараше со медиумите пред...

Дибала пред дуелот со Реал: „Олимпико“ ќе ни помогне

Пауло Дибала е нетрпелив да го направи своето деби...

Легенда на Јунајтед бара строга казна за Сити: Да ја започнат секоја сезона со -25 бода во следните 5 години

Поранешниот голман Питер Шмајхел презентираше радикален план за казнување...