Савињо нов играч на Тотенхем

Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Трансферот, според британските медиуми, вреди 75 милиони фунти, со дополнителни десет милиони фунти во бонуси

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Трансферот, според британските медиуми, вреди 75 милиони фунти, со дополнителни десет милиони фунти во бонуси.

Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ги освои Лигата и ФА Купот. Тој одигра 84 натпревари за Сити и постигна седум гола и имаше 16 асистенции.

BBC потсети дека овој трансфер бил подготвуван повеќе од 12 месеци, откако Тотенхем не успеа да го потпише минатото лето.

Савињо тогаш одлучи да остане на „Етихад“, но неговите минути под водство на Пеп Гвардиола беа ограничени на само седум стартови во Премиер лигата минатата сезона.

Дваесет и две годишниот Бразилец ја започна својата кариера во Атлетико Минеиро, а потоа се пресели во Троа во 2022 година, додека беше на позајмица во ПСВ и Жирона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов скандал ја тресе ФИФА: Откриени исплати од милиони долари кон Инфантино, вила во Мајами…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се најде во центарот...

🎬 Неверојатни сцени пред хотелот на Каталонците: Турците им приредија бессона ноќ на ѕвездите на Барселона

Фудбалерите на Барселона вечерва играат против Галатасарај во Истанбул...

Јанакопулос не се откажува од Јокиќ

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието...

Евролигата покрена важно прашање во Израел

Извршниот директор на Евролигата, Чус Буено, и директорот за...