Седлоски ја презеде одговорноста за поразот од Турција

Македонската репрезентација доживеа пораз од Турција со 4-0 (2-0) на пријателскиот натпревар одигран во Истанбул

Прегледи:

Датум:

Македонската репрезентација доживеа пораз од Турција со 4-0 (2-0) на пријателскиот натпревар одигран во Истанбул. По натпреварот, селекторот Гоце Седлоски ја презеде одговорноста за поразот и истакна дека ваквите натпревари треба да послужат како важна лекција за националниот тим.

„Му честитам на противникот за заслужената победа. Турција е одлична селекција со голем број квалитетни фудбалери. Поразот е моја одговорност, бидејќи јас ги носам одлуките и го составувам тимот. На сите играчи им дадов можност да настапат и од ваквите средби мора да извлечеме поуки.

Свесни сме дека веќе четири натпревари не сме постигнале гол и работиме на подобрување на тој сегмент. Игравме против исклучително силни противници и секоја наша грешка беше казнета. Токму затоа мора внимателно да анализираме што не беше добро и да не дозволиме истите пропусти да ни се повторуваат.

Создаваме нов тим и за дел од фудбалерите ова е ново искуство. Очекувам сите што ќе добијат повик во репрезентацијата да го дадат својот максимум и да ја оправдаат довербата. Имам јасна слика за секој играч, а во периодот што следува ќе работиме на корекција на недостатоците и подготовка за предизвиците што нè очекуваат“, изјави Седлоски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...