Сериозни обвинувања: „Арда Ѓулер трпи мобинг во Реал“

Серхат Пекмеџи, фудбалскиот ментор на Арда Ѓулер, упати обвинувања против Реал Мадрид во интервју за турските медиуми, тврдејќи дека младиот турски фудбалер трпи мобинг од своите соиграчи.

Прегледи:

Датум:

Серхат Пекмеџи, фудбалскиот ментор на Арда Ѓулер, упати обвинувања против Реал Мадрид во интервју за турските медиуми, тврдејќи дека младиот турски фудбалер трпи мобинг од своите соиграчи.

Пекмеџи, човекот одговорен за развојот на Ѓулер во Фенербахче, додаде дека очекувал да се случи нешто вакво. Суперталентираниот турски фудбалер е еден од најмладите во тимот на тренерот Арбелоа, но и еден од најдобрите.

„Иако Реал Мадрид е мега клуб, Арда Ѓулер трпи мобинг. Не ми се пожали, но знаев дека ќе се случи. Му реков да биде трпелив. Малтретирањето доаѓа од играчите. Таму има група која не можеше да го прифати Арда. За жал, тие се играчи со многу високо его. Тој е многу трпелив, но почнува да се бунтува“, откри тренерот кој работеше со Ѓулер во неговите рани години.

Пекмечи тврди дека токсичноста на соблекувалната на Реал Мадрид го спречила доаѓањето на Јирген Клоп и го забрзала заминувањето на Чаби Алонсо.

„Клоп веќе кажа дека некои играчи мора да си заминат за да дојде тој. Затоа и Чаби Алонсо си замина“, тврди турчинот.

Во последните денови, медиумите навистина објавија дека Клоп има понуда од Реал да го преземе тимот на лето и дека веќе ги поставил условите што мора да се исполнат за да седне на клупата на „Кралскиот клуб“. Германецот наводно не ги сака Ферланд Менди, Давид Алаба, Едуардо Камавинга и Дани Себаљос во соблекувалната.

Сепак, не беше наведено дали ги „таргетирал“ овие играчи затоа што не се вклопуваат во неговата визија за тимот или од некоја друга причина.

Ѓулер пристигна во Реал Мадрид во летото 2024 година, во трансфер вреден 20 милиони евра. Веднаш беше обележан како играч кој ќе има голема улога во иднина и ќе биде наследник на легендарниот Лука Модриќ.

Оваа сезона тој одигра 35 натпревари за мадридскиот тим, постигнувајќи три гола и асистенции за 12 гола. Вкупно, тој постигна 12 гола за Реал и регистрираше 23 асистенции во 96 одиграни натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...