📽️Шефот на Атлетико Мадрид до Барселона: Нема да го продадеме Хулијан дури ни за 200 милиони

Атлетико Мадрид уште еднаш категорично ја отфрли можноста за продажба на својата аргентинска ѕвезда Хулијан Алварез на Барселона. Во интервју за клупската телевизија, извршниот директор Мигел Анхел Жил Марин увери дека „јорганџиите“ нема да го продадат напаѓачот по никаква цена.

Прегледи:

Датум:

„Мојот став е јасен, и на клубот – како што им го презентиравме на играчот, неговите претставници и на претседателот на Барселона. Апсолутно немам никакви сомнежи дека Атлетико е најдоброто место на светот за Хулијан и дека тој е совршен централен напаѓач за Атлетико. Сакаме да го задржиме. Неодамна слушнав изјава од нивниот претседател дека понудата до Атлетико не била неограничена. Единствената можна реакција е дека нашиот одговор е навистина неограничен. Не сакаме да го продадеме. Не ја прифативме понудата од 100 милиони, ниту ќе прифатиме таква за 150 или 200 милиони“, рече Жил Марин.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...