Швеѓаните по 13-ти пат на СП и прв од 2018 година

Шведската фудбалска репрезентација ја победи Полска со 3-2 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство, а победничкиот гол беше постигнат во последните минути од натпреварот.

Прегледи:

Датум:

Шведската фудбалска репрезентација ја победи Полска со 3-2 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство, а победничкиот гол беше постигнат во последните минути од натпреварот.

Швеѓаните поведоа во 19-тата минута преку Антони Еланга, на асистенција на Јасин Аџарија. Полска израмни во 33-тата минута преку Никола Залевски по додавање од Пјотр Зиелински, но домаќините го вратија водството пред паузата – во 44-тата минута, Густав Лагербилке постигна гол.

Полска успеа да се врати во игра, а Карол Свидерски повторно израмни во 55-тата минута, на асистенција на Залевски.

Кога се очекуваше натпреварот да заврши без победник, Виктор Јекереш постигна гол во 88-тата минута за конечни 3:2 и голема прослава за домашната екипа.

До крајот на натпреварот, беа видени неколку остри стартови и жолти картони на двете страни, но резултатот не се промени, па Шведска забележа победа со која обезбеди пласман на Светското првенство.

Швеѓаните ќе играат по 13-ти пат на Светското првенство и прв од 2018 година во Русија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....