Во натпревар без значење, Македонија и Ирска одиграа без голови

Натпреварот, кој немаше никакво значење, во целина мина протоколарно, без многу интересни моменти и возбудувања

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено без голови против Република Ирска во дуел на двете репрезентации што останаа без мундијалски билет по полуфиналниот бараж за СП 2026.

Натпреварот, кој немаше никакво значење, во целина мина протоколарно, без многу интересни моменти и возбудувања.

Првата позначајна закана ја имаше Енис Барди во 26. минута, кога од слободен удар го тестираше Келехер, кој сигурно интервенираше. Речиси веднаш возврати Фин Азаз, но неговиот обид заврши над голот на Столе Димитриевски.

Во продолжението Ирците беа нешто поактивни, особено преку Трој Перот. Напаѓачот најпрво шутираше со глава право во Димитриевски, а потоа и непрецизно од коса позиција.

Најдобрата можност ја пропушти во 39. минута, кога по грешка на Дарко Велковски се најде во идеална ситуација, но повторно не успеа да го погоди голот. Неговиот погодок во финишот на првото полувреме беше поништен поради офсајд.

На стартот од второто полувреме, Седлоски ги внесе Мусовски, Ристовски и Серафимов, но Ирска продолжи да создава полушанси. Перот и Азаз повторно се обидоа, но без прецизност, додека во 62. минута ударот на Лијам Скејлс беше навремено блокиран од Бобан Николов.

До крајот, македонскиот селектор им даде шанса на поголем дел од резервите, а најзрелата прилика за „црвено-жолтите“ ја имаше Мусовски во судиското продолжение, кога не успеа да се избори со противничката одбрана. Џони Кени се закани кон голот на Столе Димитриевски, но голманот одлично интервенираше.

На крајот, реми без голови 0:0.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...