Салах сака да остане во Европа

Мохамед Салах го напушта Ливерпул на крајот од сезоната. И покрај тоа што има богата понуда од Саудиска Арабија, Египќанецот сака да остане во Европа

Прегледи:

Датум:

Славната генерација на Ливерпул која ја донесе титулата на „Енфилд“ по 30 години чекање и Лигата на шампионите полека си заминува. Јирген Клоп си замиона, Фирмино, Садио Мане, а на крајот од оваа сезона Енди Робертсон и најдобриот играч од таа генерација – Мохамед Салах.

Египќанецот пристигна во клубот во 2017 година од Рома за 42 милиони евра и брзо стана еден од најдобрите играчи во светот. Салах испиша историја за „црвените“, и иако има договор до крајот на следната сезона, тој одлучи дека ова ќе биде неговата последна сезона во клубот.

Се зборуваше за трансфер во Саудиска Арабија, но Салах сака да остане во Европа и да продолжи да игра на високо ниво. Англиските медиуми објавуваат дека Ливерпул започнал преговори со Фенербахче.

На Блискиот Исток, Саудијците се подготвени да му понудат 30 милиони за една сезона, додека во Турција треба да добива околу 13 милиони по сезона. Салах е привлечен од турските гиганти поради европскиот фудбал, но и амбициите на клубот да ја освои шампионската титула што ја чекаат од 2014 година.

Салах одигра 441 натпревар за Ливерпул, постигнувајќи 257 гола и имајќи 122 асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...