Силва: Гвардиола ми го промени погледот кон фудбалот

Манчестер Сити го победи Челси во финалето на ФА Купот и освои нов трофеј. Капитенската лента ја носеше Бернардо Силва, кој го напушта „Етихад“ на крајот од сезоната

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити го победи Челси во финалето на ФА Купот и освои нов трофеј. Капитенската лента ја носеше Бернардо Силва, кој го напушта „Етихад“ на крајот од сезоната.

Португалецот имаше голема чест да го подигне трофејот како капитен и тоа да биде едно од неговите последни сеќавања од плодниот мандат во Манчестер Сити. Секако, вистинскиот џекпот би бил ако Сити успее во „невозможното“ и на крајот ја освои титулата во Премиер лигата.

– Многу сме среќни. Ова е посебно за мене, бидејќи ми е последна сезона. И го донесовме трофејот. Се надевам дека не е последна. Откако пристигнав, ова е 20-ти трофеј, не е лошо. Се надеваме, го имаме тој мал сон дека можеме да ја освоиме и титулата во Премиер лигата – рече Силва.

Тој изрази голема благодарност до менаџерот Пеп Гвардиола, кој го донесе во клубот.

– Тој ми го промени погледот кон фудбалот. Тој беше мој тренер 80% од мојата кариера. Сè што можев да се надевам, го постигнав со него. Односот што го изградивме е силен, изјави тој.

Бернардо Силва е на „Етихад“ од 2017 година и учествуваше во шест титули во Премиер лигата, три ФА купови, пет Лига купови, три Комјунити шилдови и по една Лига на шампиони и едно Светско клупско првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...