Специјална клаузула во договорот на Ромеро го доближува до Атлетико

Прегледи:

Датум:

Централниот дефанзивец на Тотенхем, Кристијан Ромеро, има посебна клаузула во својот договор што важи за Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, објави шпанското издание „Марка“.

Според информациите, „јорганџиите“ направиле обид да го привлечат аргентинскиот интернационалец минатото лето и можно е да ги обноват напорите за време на претстојниот преоден рок.

Лондонскиот клуб го проценува својот играч на 70 милиони евра, но договорот на Ромеро вклучува откупна цена од 60 милиони евра доколку купувачот е Атлетико.

Самиот дефанзивец би сакал да се приклучи на тимот на Диего Симеоне. Сепак, ситуацијата внимателно ја следи и Реал Мадрид, каде што квалитетите на играчот се исто така високо ценети.

Тековниот договор на Ромеро со „Спарс“ е до летото 2029 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...