Срушен рекордот на Баерн: Дури 19 играчи на Манчестер Сити ќе играат на Светското првенство

Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, а интересно е што таму ќе биде поставен интересен рекорд поврзан со клупскиот фудбал

Прегледи:

Датум:

Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, а интересно е што таму ќе биде поставен интересен рекорд поврзан со клупскиот фудбал.

На турнирот беа поканети 1.248 играчи, а Манчестер Сити ја предводи листата на клубови со најмногу претставници на турнирот.

Имено, 19 играчи на Сити ќе играат за 12 репрезентации, со што е поставен нов рекорд.

16 играчи на Сити играа на Светското првенство во Русија во 2018 година, а тој рекорд го сруши Баерн во Катар кога на теренот ставија 17 играчи за Светското првенство во 2022 година.

Оваа година Баерн е веднаш зад Манчестер Сити со 18 играчи, по што следат Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 играчи. Интересно е што на високото шесто место е саудискиот Ал-Хилал, кој има 12 репрезентативци.

19-те играчи на Сити по националниот тим изгледаат вака:

Англија: Џејмс Трафорд, Џон Стоунс, Марк Гуехи и Нико О’Рајли

Португалија: Матеус Нунеш, Рубен Диаз и Бернардо Силва

Хрватска: Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ

Холандија: Натан Аке и Тијани Рајндерс

Норвешка: Ерлинг Халанд

Шпанија: Родри

Франција: Рајан Черки

Белгија: Џереми Доку

Алжир: Рајан Аит-Нури

Египет: Омар Мармуш

Гана: Антоан Семењо

Узбекистан: Абдукодир Кусанов

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...