„Тие се фаворити!“ Кејн изненади со својот одговор пред ждрепката за Лигата на шампионите

Продолжението на европските судири се ближи, а ѕвездата на Баерн, Хари Кејн, ја разбранува фудбалската јавност со изјава пред претстојната ждрепка за првата фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27

Прегледи:

Датум:

Продолжението на европските судири се ближи, а ѕвездата на Баерн, Хари Кејн, ја разбранува фудбалската јавност со изјава пред претстојната ждрепка за првата фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.

Капитенот на репрезентацијата на Англија без двоумење го прогласи Пари Сен Жермен за прв кандидат за кревање на најважниот трофеј во клупскиот фудбал, додека УЕФА и официјално ги потврди составите на сите четири шешири пред ждрепката.

Пред ждрепката на која 36-те најдобри тимови во Европа ќе ги дознаат своите четири домашни и четири гостински ривали, Кејн, во интервју за шпанскиот весник „Марка“, изнесе јасна хиерархија меѓу големите.

„Мислам дека ПСЖ е прв фаворит, бидејќи го освојуваат натпреварувањето две години по ред. Секако, веднаш зад нив се другите големи екипи како Баерн, Арсенал, Реал Мадрид, Барселона… Сите најголеми клубови ќе бидат таму и ќе се натпреваруваат за првото место“, порача Хари Кејн.

Англичанецот, исто така, се потсети на болното полуфинале минатата сезона против париските гиганти.

„Имавме навистина добра кампања во Европа минатата сезона. Изгубивме од одличен тим како ПСЖ, и тоа за влакно. Понекогаш мора да прифатите такви работи и да продолжите понатаму. Од првиот ден кога дојдов тука, знам дека играчите и тренерите работат со ист победнички менталитет“, истакна англискиот репрезентативец.

Иако Баварците беа блиску до врвот во последните години, Европскиот куп не стигнал на „Алијанц Арена“ од 2020 година. Кејн нагласува дека тимот е целосно фокусиран на новата натпреварувачка година и дека минатото повеќе не е проблем.

„Минатата сезона е зад нас и ќе видиме што ќе се случи во оваа. Сега најважно е да гледаме напред, да се бориме од првиот натпревар, а Лигата на шампионите е секако една од нашите најголеми цели. Подготвени сме да работиме напорно и да видиме каде ќе нè однесе ова патување, свесни дека секој натпревар во ова натпреварување носи уникатен и тежок предизвик“, порача Кејн.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Норис преговара за плата од 60 милиони евра по сезона

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, преговара со...

📽️ Нотингем Форест претстави нов напаѓач – срушен клупскиот рекорд

Нотингем Форест го комплетираше привлекувањето на напаѓачот Лиам Делап...

Шампион на НБА како помош за Дончиќ: Лејкерси пронајдоа замена за Куминга

Лос Анџелес Лејкерс не успеаја да го привлечат Џонатан...

ФФМ: ГФК Тиквеш 1930 казнет со 5.000 евра поради националистички скандирања

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки...