Тиверија Брера го освои Купот на Македонија кај жените

Тиверија Брера со убедливи 5:0 ја совлада Каменица Саса во финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција, одиграно на стадионот во Стадион Ѓорче Петров и го освои својот втор трофеј во ова натпреварување.

Прегледи:

Датум:

Тиверија Брера со убедливи 5:0 ја совлада Каменица Саса во финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција, одиграно на стадионот во Стадион Ѓорче Петров и го освои својот втор трофеј во ова натпреварување.

Тиверија Брера доминираше во најголем дел од натпреварот и уште во воведните минути најави офанзивна игра. Во 8. минута Карапузовска ја погоди пречката, а Каменица Саса возврати преку Димитровска, чиј удар со глава заврши во дирекот.

Резултатот беше отворен во 28. минута, кога по ВАР проверка беше досуден пенал за Тиверија Брера по фаул врз Панова, а Галабоска сигурно реализираше за 1:0. Само две минути подоцна, Николовска со прецизен удар од слободен удар зголеми на 2:0, додека Паневска во 34. минута донесе убедливи 3:0 пред заминувањето на одмор.

Во второто полувреме следуваа уште два погодоци во мрежата на Каменица Саса. Бошевска во 50. минута по акција на Божинова постигна гол за 4:0, а истата фудбалерка во 84. минута со одличен удар ги постави конечните 5:0 за убедлив триумф и славје на Тиверија Брера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...