Тројца фудбалери сакаат да го напуштат Тотенхем

За прв пат по над пет децении, Тотенхем ја започна сезоната во Премиер лигата со два порази без да постигне гол

Прегледи:

Датум:

За прв пат по над пет децении, Тотенхем ја започна сезоната во Премиер лигата со два порази без да постигне гол. По почетниот дебакл со Брентфорд (3:0) следеше денешниот пораз на домашен терен од Њукасл (0:2), што видливо го потресе тренерот Роберто Де Зерби.

Човекот кој чудесно избегна испаѓање во Чемпионшип, доби петгодишен договор како награда, а потоа и најголемиот буџет во историјата на клубот (досега се потрошени 354 милиони евра) мораше да им објасни на новинарите што се случува.

„Жал ми е за клубот, бидејќи градат одличен тим, инвестираат многу, но можеби во овој момент сè уште не сме подготвени и тоа од многу причини. Сè уште не сме подготвени, од многу причини“, повтори тој и продолжи: „Но, денес мислам дека, до првиот гол, игравме подобро од Њукасл. Тие се добар тим, имаат добар тренер, добри играчи, се квалитетни во секоја смисла, но создадовме повеќе шанси, упативме повеќе удари и имавме поголема контрола на топката од Њукасл.“

Потоа тој рече дека во последните два дена, на незадоволниот Ричарлисон му се придружиле и други фудбалери со директно барање да го напуштат Лондон. Тоа се Кевин Дансо и Папе Матар Сар.

„Ричардисон премногу пати кажа дека сака да си замине. Дансо дојде кај мене пред два дена и ми рече дека сака да си замине. Истото важи и за Сар.“

„Петлите“ следно ќе играат на гостински терен против Нотингем Форест.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ѓоковиќ: Поразот во Синсинати ми даде време да го подготвам моето тело и ум за УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше на прес-конференција пред Отвореното...

🎬Федерер обезбеди место меѓу легендите: Швајцарецот примен во „Салата на славните“

Еден од најголемите играчи во историјата на белиот спорт,...

Мурињо за „Златната топка“: „Не е во ПСЖ, ниту во репрезентацијата на Шпанија“

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека овогодин3шниот...