Вирц: Им должиме на навивачите пласман во Лигата на шампионите

Играчите на Ливерпул му должат на клубот и на своите навивачи место во Лигата на шампионите следната сезона, изјави играчот од средниот ред Флоријан Вирц, неколку дена откако неговите соиграчи и тој не успеаја да го елиминираат Пари Сен Жермен во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување

Прегледи:

Датум:

Играчите на Ливерпул му должат на клубот и на своите навивачи место во Лигата на шампионите следната сезона, изјави играчот од средниот ред Флоријан Вирц, неколку дена откако неговите соиграчи и тој не успеаја да го елиминираат Пари Сен Жермен во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување.

Целта на тимот на Арне Слот до крајот на сезоната е да заврши меѓу првите пет, со цел да обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона, а во недела „црвените“ го играат дербито на Мерсисајд со Евертон.

– До крајот на сезоната сме целосно фокусирани на првенството. Мораме да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Му го должиме тоа на клубот, им го должиме тоа на навивачите. Ќе направиме сè што е во наша моќ, како што направивме против Пари Сен Жермен. Нашата минимална цел до крајот на сезоната е петтото место – изјави Флоријан Вирц.

Тимот од „Енфилд“ е на таа позиција, четири бода пред Челси, а остануваат уште шест кола.

– Против Пари Сен Жермен се обидовме со сè. Целиот стадион беше исклучително бучен и им честитам на навивачите за тоа. Се трудевме од првата минута, но голот што ќе го започнеше пресвртот така и не дојде. Така е во фудбалот, ако не постигнеш голови, нема да добиеш натпревари. Моравме да надоместиме два гола, а во таква ситуација ти треба еден во првото полувреме. Тоа не се случи. Беше тешко да се создадат шанси и имавме повеќе во второто полувреме, но на крајот не успеавме. Да, лути сме, но мора да го проголтаме тоа и да гледаме напред – заклучи германскиот интернационалец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...