Ждрепка за Лигата на шампионите: Познати двојките за плејофот, Реал повторно оди на Бенфика

Прегледи:

Датум:

Денес во Нион, Швајцарија, се одржа ждрепката за плејофот за Лигата на шампионите, фаза од натпреварувањето во која тимовите ќе се борат за место во осминафиналето.

Се работи за клубовите кои ја завршија фазата од Лигата на шампионите на позиции од 9-то до 24-то место, и тие ќе се борат меѓусебно за место меѓу 16-те најдобри тимови на Стариот континент.

Европската фудбалска федерација ги постави носителите на ждрепката како Реал Мадрид, Интер, Пари Сен Жермен, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта и Леверкузен, додека во вториот шешир ќе бидат: Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Боде/Глимт и Бенфика.

Двојките од плејофот изгледаат вака:

Бенфика – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Интер
Монако – ПСЖ
Карабаг – Њукасл
Галатасарај – Јувентус
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд – Аталанта
Олимпијакос – Леверкузен

Па така Бенфика повторно ќе се соочи со славниот Реал Мадрид, кого го победија со 4:2 оваа недела и го оставија без директно место во осминафиналето.

Плејоф натпреварите се закажани за 19 и 26 февруари.

За потсетување, Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер Сити обезбедија директно место во осминафиналето.

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи на 27 февруари во Нион.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/BL Football Talks

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...