Откриен „тајниот“ пијалок на Алкараз што го користи за закрепнување – му помогнал и против Зверев

Прегледи:

Датум:

Барбара Шет, поранешна тенисерка и експерт кој коментира за „Евроспорт“, откри како Карлос Алкараз ги обновува мускулите користејќи „таен пијалок“ што им помага на многу тенисери – сок од кисели краставички.

Светскиот број еден, Карлос Алкараз, направи чудо во полуфиналето на Австралија Опен, победувајќи го Александар Зверев по повредата што го мачеше поголемиот дел од натпреварот.

Алкараз водеше со 2:0 во сетови, но се повреди во третиот сет и имаше сериозни проблеми со движењето. Во еден момент, речиси не можеше да се движи, но сепак успеа да се држи и да направи неверојатен пресврт, дури и кога Зверев имаше 5:3 во петтиот сет и сервираше за победа.

Сега ќе се соочи со победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Јаник Синер, а ќе има два дена да се подготви за големото финале и да го нападне својот прв Австралија Опен во кариерата.

Шет објави дека Алкараз ги обновува мускулите користејќи „таен пијалок“ кој им помага на многу тенисери, а тоа е сок од кисели краставички.

„Тој пие сок од кисели краставички, тоа им помага на мускулите да се опорават, а физички сепак успеа да се врати во натпреварот“, рече Шет.

Самиот Алкараз нагласи по натпреварот дека ќе се потруди да се опорави за финалето и дека очекува тежок, но возбудлив дуел, без оглед на противникот.

„Ќе биде многу тешко, натпреварот траеше пет часа, па ќе тренираме малку помалку интензивно отколку во претходните денови. Пресвртот во овој натпревар е неверојатен, успеав некако да се вратам и сум пресреќен. Секако дека размислувам за натпреварот во недела – против кого и да играм, тоа ќе биде голем судир. Ќе ја искористам секоја секунда за подготовка и можам да ветам дека ќе се потрудам да победам“, рече Алкараз.

📸 Фото: Јутјуб/Принтскрин/Australian Open

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...