Ждрепката за Лигата на шампионите донесе спектакли

Ждрепката за лигашката фаза од Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2026/27 беше извршена вечерва во Монако, а на прв поглед е јасно дека нè очекуваат спектакуларни натпревари и бројни големи европски дербија

Прегледи:

Датум:

Ждрепката за главната фаза од Лигата на шампионите се одржa во Монако. 36 екипи  ги дознаа своите осум противници – по два од секој од четирите шешири, при што секој тим ќе има четири домашни и четири гостински натпревари. Првите натпревари ќе бидат на 8-10 септември, а последните на 27 јануари.

Првиот тим што е извлечен е Реал Мадрид. „Белите“ ќе играат против Интер, финалистите од минатата сезона Арсенал и АЕК. Реал е домаќин на „нероазурите“ и им гостува на лондончаните. Другите ривали на тимот на Жозе Мурињо се ПСВ Ајндховен, Рома, РБ Лајпциг, Шахтјор, ЛАСК.

Шампионот Пари Сен Жермен ќе биде домаќин на Барселона во Париз и ќе ги посети Манчестер Сити и Астон Вила. Нивните други противници се Рома, Галатасарај, Виљареал, Слован Братислава и Комо.

Барселона ќе гостува кај Пари Сен Жермен и ќе биде домаќин на Манчестер Сити. Нивните други противници се Астон Вила, Спортинг, Феенорд, Галатасарај, дебитантите Комо и Сабах.

Арсенал ќе го пречека Реал Мадрид по трет пат во четири години и ќе гостува кај Баерн. Лондончани ќе бидат домаќини на Борусија Дортмунд, Лил и Сабах, а ќе ги посетат Бетис, Наполи и Славија Прага.

Интер повторно ќе биде домаќин на Ливерпул. „Нероазурите“ исто така ќе гостуваат кај Реал Мадрид, а ќе се соочат и со Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Шахтјор, Феенорд, Штутгарт и Слован Братислава.

Баерн Минхен се враќа на Олд Трафорд за уште еден судир меѓу двата тима и повторување на познатото финале од 1999 година. Баварците ќе бидат домаќини на Арсенал и ќе гостуваат кај Атлетико Мадрид. Покрај тоа, тимот на Винсент Компани ќе се соочи со Бетис, Бодо/Глимт, Лил, Славија Прага и Викинг.

Манчестер Сити ќе се соочи со шампионите од последните две години, Пари Сен Жермен, со натпреварот во Англија, и натпревар на гости против Барселона. Покрај тоа, „граѓаните“ ќе се соочат со Спортинг, Порто, Наполи, РБ Лајпциг, АЕК и Ленс.

Ливерпул ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид и ќе гостува кај Интер. „Црвените“ ќе бидат домаќини на Порто, Виљареал и Ленс на Енфилд и ќе гистуваат во Бриж, Фенербахче и ЛАСК.

Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед и ќе патува во Ливерпул, а ќе се соочат и со ПСВ Ајндховен, Фенербахче, Бодо/Глимт, Викинг и Штутгарт.

Манчестер Јунајтед се враќа во Лигата на шампионите со домашен натпревар против Баерн Минхен и гостување против Атлетико Мадрид. Покрај нив, „Црвените ѓаволи“ ќе се соочат и со Рома, Спортинг, Виљареал, Комо, РБ Лајпциг и Сабах.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...