Искусниот Жорже Жесус е голем фаворит за селектор на португалската репрезентација. 71-годишникот, кој го освои првенството на Саудиска Арабија со Ал-Наср и Кристијано Роналдо пред неколку месеци, ќе го наследи Роберто Матинез. По елиминацијата на Португалија од Светското првенство, Мартинез објави дека заминува.
Според ESPN, Португалската федерација сака назначувањето на Жесус да стане факт што е можно поскоро, а изворот верува дека тоа би можело да се случи до крајот на оваа недела. „А Бола“ додава дека веднаш по враќањето од САД, Педро Проенса, кој е претседател на локалната федерација, ќе седне со Жесус за да разговара за сите услови на договорот. Португалските медиуми сугерираат дека неговиот договор ќе трае до крајот на Светското првенство во 2030 година.
Жесус беше поврзуван и со бразилската репрезентација пред назначувањето на Карло Анчелоти. Откако ја освои титулата со Ал-Наср, тој призна дека ја прифатил понудата да оди во Саудиска Арабија само за да му помогне на Кристијано Роналдо да ја освои титулата.
„Кога ја добив поканата од Семедо и Крис (Роналдо), го прифатив овој предизвик само за да му помогнам на Крис да ја освои титулата во Саудиска Арабија. Тоа беше мојата цел“, рече тогаш Жесус.


