ФИФА отвори постапка против Аргентина!

Аргентина се квалификуваше за финалето на Светското првенство синоќа по драматичниот пресврт по победата над Англија со 2-1 во Атланта

Прегледи:

Датум:

Аргентина се квалификуваше за финалето на Светското првенство синоќа по драматичниот пресврт по победата над Англија со 2-1 во Атланта.

Англија поведе во 55-тата минута со голот на Гордон и се држеше долго време, но Аргентина успеа да направи целосен пресврт во последните минути. Енцо Фернандез го израмни резултатот со спектакуларен удар од далечина во 85-тата минута, пред Лаутаро Мартинез, повторно на асистенција на капитенот Лео Меси, да ѝ ја донесе победата на Аргентина.

Сепак, додека Аргентина го славеше своето место во големото финале, локалната фудбалска асоцијација би можела да се соочи со дисциплинска мерка од ФИФА.

Според „Мундо Депортиво“, ФИФА ќе разгледа отворање истрага во наредните денови за транспарентот „Las Malvinas son Argentinas“ (Малвинските острови припаѓаат на Аргентина) што се појави по полуфиналниот натпревар со Англија.

Светската фудбалска федерација моментално чека официјални извештаи од делегатите и другите службени лица од натпреварот, по што ќе се одлучат понатамошните чекори

Меѓу играчите на аргентинската репрезентација кои го држеа контроверзниот транспарент беа Кристијан Ромеро и Џовани Ло Селсо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...