🎥Оклахома рутински ги победи Лејкерси во отворањето на полуфиналето во Западната конференција

Оклахома Сити Тандер не дозволи никаква драма во отворањето на полуфиналето во Западната конференција. Актуелниот шампион во НБА рутински го одбрани својот домашен терен и поведе со 1-0 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс, славејќи со резултат 108:90 во „Пејком Центарот“.

Прегледи:

Датум:

Оклахома Сити Тандер не дозволи никаква драма во отворањето на полуфиналето во Западната конференција. Актуелниот шампион во НБА рутински го одбрани својот домашен терен и поведе со 1-0 во серијата против Лос Анџелес Лејкерс, славејќи со резултат 108:90 во „Пејком Центарот“.

На хартија, можеби изгледа како убедлива победа за фаворитите, но Оклахома ја постигна на малку поинаков начин од очекуваното. Лејкерси успеаја да го забават Шаи Гилџус-Александар, постојано го удвојуваа и изнудија дури 7 изгубени топки, но проблемот за гостите беше што речиси сите други во ротацијата на Тандер најдоа начин да ги казнат.

Токму тоа е разликата помеѓу оваа и некои претходни верзии на Оклахома. Кога противникот успева да ја забави првата ѕвезда, се појавуваат некои нови решенија. Овој пат тоа беше Чет Холмгрен.

Младиот центар го одигра можеби најдобриот плејоф натпревар во својата кариера – 24 поени, 12 скока и целосна контрола на рекетот од двете страни на теренот. Холмгрен доминираше од првата четвртина, во која постигна 9 поени и практично го одржа домашниот тим во игра додека нападот бараше ритам.

За „езерџиите“, Леброн беше фантастичен со 27 поени со 6 асистенции и 4 скока, Руи Хачимура додаде 18, додека Остин Ривс целосно потфрли – само 8 поени со 3/16 шутеви од поле. Голем проблем за Лос Анџелес беше клупата. Резервите на Оклахома постигнаа 34 поени, додека втората линија на Лејкерси донесе само 15.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...