🎥 Долг е патот од Маниса и Шјауљај: Бек на Сан Антонио со прв кош во НБА на 30 години

Додека многу кошаркари на 30 години веќе имаат богато НБА искуство, Џон Елмор дури сега добива шанса да покаже што може да направи на најголемата сцена

Прегледи:

Датум:

Додека многу кошаркари на 30 години веќе имаат богато НБА искуство, Џон Елмор дури сега добива шанса да покаже што може да направи на најголемата сцена. Бекот на Сан Антонио Спарс ги постигна своите први поени во НБА предсезоната против Јута, па „тројката“ имаше многу поголемо значење за него отколку што може да се заклучи од резултатот.

Елмор погоди за три поени на една минута и 28 секунди до крајот, а тој одбележа посебен момент со прекрстување на раката над главата. Спарс загубија со 119:109, но американскиот бек ќе го памети овој натпревар по кошот што го реализираше по долго патување низ европската кошарка и развојната лига.

Откако дипломирал на Универзитетот Маршал, тој не бил избран на драфтот во 2019 година, па затоа барал можност во Европа, а потоа и во Г-лигата, каде што ја освоил титулата со Стоктон Кингс во 2025 година. Сега, преку тренинг кампот на Сан Антонио, тој се бори за место во НБА тимот, а неговиот прв кош во предсезоната претставува уште еден чекор кон целта од која не се откажал дури ни на 30-годишна возраст.

Пред да дојде во Сан Антонио, Елмор стекнал европско искуство во Италија, Грција, Унгарија, Литванија и Турција, играјќи за Трст, Орландина, Јоникос, Сопрон, Шјауљај и Маниса.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Васер не е убеден дека Ред Бул е најсилниот тим во Формула 1

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, одби да го прогласи...

📽️📷 Формула 1 се враќа во Африка по повеќе од 30 години, потпишан е 10-годишен договор

Формула 1 ќе се врати на африканскиот континент по...

Дубоа си постави цел: „Уште шест борби до…“

Даниел Дубоа верува дека му требаат уште шест големи...

Џерард бара строга казна за Сити: Нека страдаат како што нè натераа сите нас да страдаме!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, побара строги санкции против...