Анадолу Ефес привлече шпански бек: Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид пристигнува на Босфорот

Анадолу Ефес продолжува да го гради својот тим за новата сезона, а најновото засилување на истанбулскиот гигант е шпанскиот кошаркар Сантијаго Хуста

Прегледи:

Датум:

Анадолу Ефес продолжува да го гради својот тим за новата сезона, а најновото засилување на истанбулскиот гигант е шпанскиот кошаркар Сантијаго Јуста. Турскиот клуб официјално потврди дека 29-годишниот бек потпишал едногодишен договор, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.

Хуста пристигнува во Ефес по значајна сезона во дресот на Сарагоса, каде што беше еден од најважните играчи на тимот. Неговите добри настапи во шпанското првенство го препорачаа на двократниот европски шампион, кој го гледа како значајно засилување за предизвиците во домашното првенство и Евролигата.

Во текот на претходната сезона во АЦБ лигата, тој имаше просек од 15,9 поени, со 3,8 скока и 1,7 асистенции по натпревар, потврдувајќи дека е во најдобрата фаза од својата кариера. Благодарение на ваквите настапи, тој го привлече вниманието на челниците на Ефес, кои брзо реагираа и го обезбедија неговиот потпис.

Пред да дојде во Турција, Јуста во текот на својата кариера играше за Сарагоса, Тенерифе, Реал Мадрид и Обрадоиро. Иако немаше голема улога во дресот на кралскиот клуб, искуството стекнато во еден од најголемите европски тимови, како и годините поминати во шпанската АЦБ лига, претставуваат важен адут во продолжението на неговата кариера.

Ефес ќе има високи амбиции на сите фронтови следната сезона, а се очекува Јуста да биде еден од поважните играчи во тимот од Босфорот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...