Ашаданов по средбата со Хрватска: „Ова е дел од процесот на градење на тимот“

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов по синоќешниот пораз на средбата со Хрватска изјави дека во тек е значително подмладување на репрезентацијата, со цел да се изгради тим кој ќе носи резултати во иднина

Прегледи:

Датум:

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов по синоќешниот пораз на средбата со Хрватска изјави дека во тек е значително подмладување на репрезентацијата, со цел да се изгради тим кој ќе носи резултати во иднина.

„Свесни бевме дека како млада екипа нè очекува тежок натпревар. Имавме добри моменти, а младите играчи покажаа карактер и борбеност, Сепак, во клучните ситуации недостасуваше искуство и концентрација“ – вели Ашаданов.

Додава дека ова а само некој прв чекор од процесот на градење на тимот.

„Од натпревар во натпревар девојките покажуваат сè подобра игра и докажаа дека заслужуваат шанса и доверба. Ова е дел од процесот на градење на тимот и верувам дека од ваквите натпревари ќе излеземе посилни. Продолжуваме да работиме и да се подобруваме“- најави селекторот на сениорскиот национален тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...