Барселона го промовираше долгоочекуваниот центар!

Се чини дека конечно започна домино ефектот со засилувањата на Пиринејскиот Полуостров, откако Барселона се пофали со нов кошаркар. Невообичаено мирен период од годината во однос на трансферите во Каталонија, но сè полека се враќа на свое место

Прегледи:

Датум:

Се чини дека конечно започна домино ефектот со засилувањата на Пиринејскиот Полуостров, откако Барселона се пофали со нов кошаркар. Невообичаено мирен период од годината во однос на трансферите во Каталонија, но сè полека се враќа на свое место.

Коцките конечно се наместија за Џош Небо да потпише тригодишен договор со Барселона. Помалку од еден ден беше доволен да им посака се најдобро на своите сега веќе поранешни соиграчи од Олимпија, и да се подложи на прегледи во новиот клуб. Тој го изрази своето задоволство од новиот ангажман, веднаш разгорувајќи ја имагинацијата на навивачите со најавување на напад на трофеи.

„Многу сум возбуден што започнувам нова фаза во мојата кариера. Доаѓам тука за да победувам. Сакам да се борам за трофеи и во шпанската лига и во Евролигата. Тоа е мојата цел. Кога ќе помислам на овој клуб, првото нешто што ми паѓа на ум е културата на победа. Секоја година тие се борат за плејофот и се натпреваруваат за место во Фајналфорот на Евролигата. Мислам дека можам да донесам одбрана, скокови, способност за завршување, лидерство и карактер. Се надевам дека навивачите ќе бидат спектакуларни, дека ќе нè бодрат и дека ќе бидат возбудени. Навистина сакам да играм пред нив.“

Во текот на сезоната, тој имаше просек од околу 10,2 поени, со 5,5 скокови и 0,5 асистенции, по натпревар. Тој го заокружи просекот на Нибо во италијанското првенство со 10 поени, со 6,7 скокови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...