Рубио ги одбил Обрадовиќ и Панатинаикос

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио одбил понуда да се приклучи на Панатинаикос, и покрај личниот пристап од главниот тренер Жељко Обрадовиќ, објави АС

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио одбил понуда да се приклучи на Панатинаикос, и покрај личниот пристап од главниот тренер Жељко Обрадовиќ, објави АС.

Обрадовиќ лично го контактирал искусниот бек во обид да го убеди да се приклучи на грчките гиганти за сезоната 2026/2027.

Патанаикос му понудил на Рубио плата од околу 900.000 евра – значително повеќе од она што моментално го заработува во шпанскиот тим Ховентут.

Сепак, 35-годишниот Рубио изјави дека е задоволен vo тимот на Бадалона и нема намера да си замине.

Рубио се врати во професионалната кошарка откако се пензионираше од играта за да се фокусира на своето ментално здравје – прво во 2024 година, а потоа повторно во 2025 година.

Според шпанското издание, бекот сака да остане блиску до дома и да ја продолжи кариерата во Ховентут, наместо да прифати нов предизвик во странство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...