Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029, соопшти КФСМ

Прегледи:

Датум:

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029, соопшти КФСМ.

За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје) и Азербејџан (во Баку), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16.кошаркари.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23. февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).

Во овој февруарски ФИБА „прозорец“, кошаркарите ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Луксембург и Азербејџан.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

27.февруари, 2026 – Скопје: Македонија – Луксембург

2.март, 2026 – Баку: Азербејџан – Македонија

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – МКК Куманово

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Теодор Симиќ – Кожув

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Амар Хот – Маџари 2023

Адем Мекиќ – Бора, Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Андреј Јакимовски – Тренто, Италија

Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...