Чаирчани ја продолжија кризата на Работнички, МЗТ го доби пелистер во дербито

Кошаркарите на Работнички се враќаат со празни раце од Чаир

Прегледи:

Датум:

Кошаркарите на Работнички се враќаат со празни раце од Чаир.

Иако имаа добра игра и солидно водство на некои пет минути до крајот на гостувањето во салата „Шабан Трстена“, на крајот тимот од Градски парк доживеа нов пораз во кошаркарската лига од 75:73.

Кришнан реализираше 17.поени за Чаир 2030. Тачи даде 16, но најголем дел од нив во моментите на одлука, а придодаде и девет асистеенции и пет скока. Реџа ги следеше со 14.реализации (имаше и девет скока), додека Билингсли заврши со дабл-дабл од 10.поени и 12.скока.

Кај Работнички, Ефремовски застана на бројката од 22.поени (девет скока и три асистенции), Рикиќ имаше „дабл-дабл“ учинок но и тоа не беше доволно за победа.

Друга скопска екипа која настапи синоќа, МЗТ Скопје, имаше одлична последна четвртина во која го решија прашањето околу победникот во дербито со Пелистер – конечни (87:73).

Двете екипи кои конкурираат за највисок пласман и оваа сезона, покажаа дека со право го носат епитетот на квалитетни. Пресудна беше последната четвртина во која шампионот покажа дека и оваа година е подготвен да оди до самиот крај, односно да ја одбрани шампионската титула.

МекКејден реализираше 23.поени, имаше и девет скока и шест асистенции. Смит Мексвејн го следеше со 16.реализации, Гил даде 15 (плус пет скока и две додавања), а Петков имаше 13.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Ангели – ТФТ 66:95
Феникс 2010 – Тиквеш Голден Игл 76:87
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 87:73
Чаир 2030 – Работнички 75:73

8.МАРТ (НЕДЕЛА)

18.00: Маџари – Кожув
18.00: МКК Куманово – Гостивар

ТАБЕЛА

1. ТФТ 17 16 1 1479:1259 33
2. МЗТ Скопје А. 17 16 1 1332:178 32
3. Пелистер 17 12 5 1569:1381 29
4. Чаир 2030 17 8 9 1387:1450 25
5. МКК Куманово (-1) 16 8 8 1313:1255 24
6. Маџари (-1) 16 8 8 1336:1332 24
7. Кожув (-1) 16 8 8 1302:1310 24
8. Тиквеш ГИ 17 7 10 1356:1382 24
9. Работнички 17 6 11 1379:1399 23
10. Феникс 2010 17 6 11 1314:1363 23
11. Гостивар (-1) 16 4 12 1151:1270 20
12. Ангели 17 1 16 1132:1526 18

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...