Димитријевиќ: За мене ова е последна шанса да играм на Европско со Македонија, ќе дадам се од себе

Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена.

Прегледи:

Датум:

Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена.

Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за квалитетна подготовка и заедничка работа пред гостувањето во Виена.

„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа“, вели Димитријевиќ.

Во разговорот за составот на Македонија, Димитријевиќ се осврна и на новото решение под кошевите. По повредата на Итан Хап, во националниот тим пристигнува Мозес Рајт, со кого Димитријевиќ очекува добро партнерство.

„Претходно под кошевите Итан Хап го имавме како сериозен и квалитетен играч, но несреќа беше неговата повреда, тоа ни беше хендикеп во претходните квалификации со Естонија. Сега го добиваме Мозес Рајт, преквалитетен играч. Се надевам дека ќе бидеме добар тандем и со останатите играчи ќе дојдеме до успех.“

Повторното враќање во репрезентативниот дрес за Димитријевиќ има и дополнителна тежина. Целта е Македонија да се избори за настап на следното Европско првенство, а искусниот бек не крие дека сака уште еднаш да биде дел од европскиот шампионат со националниот тим.

„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.“

Со Димитријевиќ повторно во ростерот, македонската сениорска репрезентација го започнува подготвителниот период во Скопје, со јасна цел – максимално подготвена да отпатува во Виена и да се обиде да стигне до важна победа против Австрија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...