Клеј Томпсон оди во Мајами, за две години ќе земе 13 милиони долари

Неговата двегодишна епизода во Далас заврши со меѓусебен договор за раскинување на договорот.

Прегледи:

Датум:

Поранешниот бек на Далас, Клеј Томпсон, се сели во Мајами, со кого се очекува да потпише двегодишен договор вреден 13 милиони долари.

Неговата двегодишна епизода во Далас заврши со меѓусебен договор за раскинување на договорот.

Искусниот бек ќе има можност да одлучи по првата сезона дали ќе остане во Флорида.

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, ќе биде добра поддршка за Јанис Антетокумпо и Бам Адебајо.

„Клеј е еден од најпрепознатливите играчи што некогаш играле во НБА. Тој е четирикратен шампион, поминал низ најголемите битки и совршено ќе се вклопи во својата улога на двата краја од паркетот. Благословени сме што ги избра Хит во нашата борба за титулата“, рече претседателот на Мајами, Пет Рајли.

Томпсон има 36 години и влегува во новата сезона како четврти најдобар тројкаш во историјата на лигата.

Тој играше и за Голден Стејт во својата кариера.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...