Дубаи комплетираше уште двa големи трансфери

Дубаи веќе почна сериозно да се подготвува за претстојната сезона во Евролигата. Тимот од најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати е блиску до постигнување договор со Алфа Дијало од Монако и Мамади Диакит од Басконија.

Прегледи:

Датум:

Дубаи веќе почна сериозно да се подготвува за претстојната сезона во Евролигата. Тимот од најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати е блиску до постигнување договор со Алфа Дијало од Монако и Мамади Диакитe од Басконија.

Дијало беше прогласен за најдобар дефанзивец во Евролигата оваа сезона. Тој имаше просек од 11,9 поени, 4,4 скока, 1,4 асистенции и 1,4 украдени топки. Имаше индекс на корисност од 13,6 за 28 минути на теренот. Досега, тој го носеше дресот на Монако само во Евролигата.

Диакитe, од друга страна, ја одигра својата прва сезона во елитното европско натпреварување со Басконија. Крилниот центар од 2,06 метри имаше просек од 8,4 поени, 4,3 скока, 1,1 асистенција и 1,2 блокади за 19 минути на теренот.

Пред да дојде во Европа, Диакитe играше за Милвоки, Оклахома Сити, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк во НБА.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...