Пелистер потврди: Червар седнува на клупата на битолчани

Хрватскиот тренер се обрвзал на двегодишен договор со клубот

Прегледи:

Датум:

Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар.

Со овие зборови РК Еурофарм Пелистер го објави назначувањето на легендарниот хрватски тренер на клупата на битолскиот тим.

Хрватскиот тренер се обрвзал на двегодишен договор со клубот.

Стручњакот од Умаг беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, ги водеше Загреб и Металург, ги освои скоро сите титули со националниот тим на својата земја.

Червар во Македонија направи големи работи со Металург и македонската репрезентација, афирмираше многу ракометари, освојуваше титули, а и создаваше зрели личности од своите млади момци.

„Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите“, порачаа од тимот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...