Ембиид со јасна порака за раководството на Филаделфија

Прегледи:

Датум:

Филаделфија продолжи со добрите игри оваа сезона, а по победата од 113-111 над Сакраменто во петокот изутрина по наше време, суперѕвездата на „Сиксерси“, Џоел Ембиид, имаше неколку клучни зборови за менаџментот пред крајниот рок за трансфери на 5 февруари. Се чини дека Џоел Ембиид сака менаџментот на Филаделфија да преземе конкретни чекори за време на преодниот рок во НБА и да го зајакне тимот.

„Во минатото, избегнувавме плаќање на „данок на луксуз“, па се надевам дека сега ќе размислиме за подобрување на тимот до крајниот рок, бидејќи имаме шанса“, рече Ембиид, додавајќи: „Се надевам дека барем ќе добиеме можност да излеземе на теренот и да се натпреваруваме, бидејќи имаме добра група момци во соблекувалната и атмосферата е одлична“.

По разочарувачкиот крај на минатата сезона, Ембиид и „Сиксерси“ се враќаат во борбата за врвот оваа година. Со скор од 26-21, тие се само на три победи од второто место во Источната конференција, кое моментално го држи Бостон (29-18).

Тајрис Макси игра на ниво на суперѕвезда, со просек од 29,4 поени по натпревар, што е личен рекорд. Од друга страна, Ембиид постепено се враќа во својата стара форма на МВП во последните неколку натпревари.

Состојбата на табелата во Источната конференција на НБА оваа сезона е целосно отворена. Во таква ситуација, „Сиксерси“ веројатно веруваат дека имаат шанса да се борат за титулата. Освен потенцијалните трансфери, најважно е Ембиид и Макси да останат здрави.

Останува да се види дали раководството на тимот ќе преземе некаква акција и ќе ги привлече засилувањата што Ембиид отворено ги бара.

Фото: Х/Принтскрин/Ballislife

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...