Ернангомез ја напушта Барселона, но останува во Евролигата

Шпанскиот центар Вили Ернангомез е на пат да си замине од Барселона

Прегледи:

Датум:

Шпанскиот центар Вили Ернангомез е на пат да си замине од Барселона.

Неговиот тригодишен договор со каталонскиот клуб истекува на крајот од овој месец, а бидејќи не добил понуда за продолжување на соработката, Ернангомез нема да мора долго да чека за нов договор, бидејќи неговата следна дестинација е позната.

Според шпанските медиуми, Ернангомез е пред потпис со Басконија, а преговорите се во напредна фаза.

Се очекува искусниот центар да ја пополни празнината во рекетот по заминувањето на Мамади Диаките, а воедно и важниот статус на домашен играч за регистрација во АЦБ лигата, што е едно од клучните правила на шпанското првенство.

Минатата сезона во Евролигата, Вили имаше просек од 5,6 поени и 3,8 скока по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...