Фурние: Не сакам да проколнувам, но наскоро ќе ја завршам кариерата

Францускиот бек Еван Фурние откри дека сериозно размислувал да ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз во 2024 година, но на крајот решил да продолжи да игра и да ја прифати понудата на Олимпијакос

Прегледи:

Датум:

Францускиот бек Еван Фурние откри дека сериозно размислувал да ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз во 2024 година, но на крајот решил да продолжи да игра и да ја прифати понудата на Олимпијакос.

Во интервју за „INFOSPORT+“, искусниот кошаркар призна дека по тежок период во НБА, му требало пауза за да донесе одлука за продолжување на кариерата.

„Сериозно размислував за пензионирање по Олимписките игри во Париз. Си дадов малку време да размислам. Отидов во планина и си реков: „Ајде да пробам уште еднаш и да уживам“. Имав две тешки сезони во Њујорк зад себе, но ја сакам кошарката и сакав да ја завршам кариерата уживајќи во играта“, рече Фурние.

Французинот објасни и зошто Олимпијакос бил идеален избор за продолжување на кариерата.

„Додека бев во НБА, ја следев Евролигата, но еден тим особено секогаш ми го привлекуваше вниманието – Олимпијакос. Нивната историја, навивачите, Атина, стилот на игра, тренерот, но и фактот дека Мустафа Фал е во тимот. Навистина верувам дека ова е тимот создаден за мене.“

Сепак, искусниот бек наговести дека неговата кариера се ближи кон крајот.

„Не сакам да проколнувам, но наскоро ќе ја завршам кариерата. Имам уште две години, можеби најмногу три“, заклучи Фурние.

Оваа сезона во Евролигата, Фурние има просек од 11,4 поени, 1,8 скока и 2,7 асистенции по натпревар, со 44,9 проценти шут од два и 35,6 проценти од три во 27 одиграни натпревари.

Олимпијакос моментално е на второто место на табелата со резултат од 20-10.

Францускиот интернационалец помина 12 сезони во НБА пред да дојде во Европа, каде што одигра 704 натпревари со просек од 13,6 поени, 2,7 скока и 2,5 асистенции.

Неговата најдобра сезона беше во 2019/20 со Орландо, кога бележеше 18,5 поени по натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...