„Извлековме одличен резултат, момците покажаа карактер“: Берокал задоволен по победата над Австрија

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја започна втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година со убедлива победа над Австрија со 91:59 во Виена, а селекторот Хозе Марија Берокал посебно го истакна карактерот и тимската игра на своите избраници.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја започна втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година со убедлива победа над Австрија со 91:59 во Виена, а селекторот Хозе Марија Берокал посебно го истакна карактерот и тимската игра на своите избраници.

„Секогаш е добро кога едно натпреварување ќе се започне со победа. Овој ФИБА-прозорец беше сосема поинаков од претходните – среде лето, некои играчи можеби сè уште не се во посакуваната натпреварувачка форма, а имавме и многу кратки подготовки. Имаше доста прашалници пред натпреварот околу тоа како ќе изгледаме на теренот, но покажавме дека знаеме и можеме да играме. Извлековме одличен резултат, момците покажаа карактер и ова е само успешен прв чекор“, рече Берокал.

Шпанскиот стратег како еден од најважните сегменти во убедливата победа ја посочи играта во одбраната.

„Тимскиот дух најдобро се виде токму во одбраната. Го задржавме противникот на само 59 поени, што е одличен дефанзивен учинок против шутерска екипа. Ги добивме сите четвртини, а кога ја движиме топката во нападот, играме навистина квалитетно. Не е пресудно дали некој ќе погоди или ќе промаши отворен шут. Најважен е начинот на кој играме и како ја градиме нашата игра“, потенцираше селекторот на Македонија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥Итаума се огласи на Инстаграм по поразот од Хрговиќ

Британскиот боксер Мозес Итаума (21) проговори за прв пат...

📽️ Обамејанг како во своите најдобри денови – Депортиво лесно против Валенсија

Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња ја победија Валенсија со...

ПМФЛ: Шкендија Арачиново победи во Куманово, Башкими постигна гол по 385 минути

Екипата на Шкендија од Арачиново освои три важни бода...