Јанакопулос објави „бомба“: „Нема тренер на планетата кој не го сака“

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, на својот Инстаграм профил навести за можноста за големо потпишување за време на претстојниот преоден рок

Прегледи:

Датум:

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, на својот Инстаграм профил навести за можноста за големо потпишување за време на претстојниот преоден рок.

Тој изјави дека испратил понуда до играч кој, според него, секој тренер на светот би го сакал во својот тим.

„Кога ќе заврши првенството, ќе дознаете на кого сум испратил понуда. Нема тренер на планетата кој не би го сакал во својот тим“, рече првиот човек на „зелените“.

Тој зборуваше и за иднината на Хуанчо Ернангомез.

„Не знам дали Ернангомез ќе остане, тоа е одлука на тренерот. Ако јас се прашував, тој би останал во клубот засекогаш. Неговиот професионализам, менталитет и сè што носи во тимот се навистина неверојатни“, рече тој.

Се осврна и на Најџел Хејс-Дејвис по критиките за неговите игри против Олимпијакос, но и за неговите патувања на средина од сезоната.

„Оној кого го нарекувате турист е најпрофесионалниот играч во тимот. Тој е во теретана три часа пред и три часа по секој тренинг и натпревар. И го нарекувате турист“, рече Јанакопулос.

Патанаикос игра во финалето на грчкото првенство и губи од актуелниот шампион на Евролигата, Олимпијакос, со 1-0 во серија од три победи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...