Ќе победиме со Австрија ако одиграме подобро од нив, вели Берокал

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Прегледи:

Датум:

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав.

Берокал верува во квалитетот на своите избраници, но истовремено нагласува дека предноста мора да биде потврдена на теренот.

„Ќе победиме со Австрија ако одиграме подобро од нив, ако играме добра кошарка. Мислам дека треба да одиграме паметно и да играме заедно, затоа што имаме квалитет. Убеден сум дека можеме да бидеме подобри, но тоа треба да го покажеме на теренот.

Во оваа кратка седмица, вклучително и неделата, заедно со помошта која треба да ја добиеме од Нено, Мекиќ, Рајт, но како и секогаш – сè зависи од нас. Респектот кон противникот мора да постои, но фокусот треба да биде на нас и на нашата игра.“

Говорејќи за Австрија, шпанскиот стратег потенцира дека промените во ростерите се составен дел од репрезентативната кошарка и дека Македонија мора да биде концентрирана на сопствената игра.

„Во овој момент сите играат кошарка. Добра кошарка. Некогаш недостасува некој играч. Се сеќавам дека со Луксембург имавме таков случај токму ние. Некогаш ќе загубите некој играч, но во исто време ќе се појави некој друг кој ќе даде свој придонес во успехот.

Не играат имињата, на теренот се игра пет на пет. Без жалење за оние кои не се во моментот дел од тимот. Фокусот треба да биде на нас и на нашата игра. Ќе дадеме сè од себе. Можеби некои работи не можеме да ги контролираме, но можеме да се контролираме себеси.

Без оглед дали станува збор за Литванија или за Австрија, мора да се натпреваруваме како тим, како национален тим. Тие се добар тим и, како што реков, ги респектираме. Но, треба да играме со голема самодоверба за да ги зголемиме нашите шанси за конечен успех.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Верстапен против 100 возачи во „најголемата трка во светот“

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, се...

Чави претставен во Холандија: Чувствувам како да доаѓам на фудбалскиот универзитет

Поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Ернандез, беше...

Манчестер Јунајтед го објави потписот на Балеба

Манчестер Јунајтед официјално го објави потпишувањето на Карлос Балеба....

Хамилтон се извини за коментарите за Зандворт: Тоа не беше мојата најдобра верзија

Луис Хамилтон не ја криеше својата фрустрација од одлуките...