Кид: Флeг прави работи што Џордан ги правеше како дебитант

Купер Флег продолжува да ги поместува границите - младиот ас на Далас стана најмладиот играч во историјата на НБА што постигнал 50+ поени во еден натпревар, откако стигна до 51 поен во поразот од Орландо (138:127).

Прегледи:

Датум:

Купер Флег продолжува да ги поместува границите – младиот ас на Далас стана најмладиот играч во историјата на НБА што постигнал 50+ поени во еден натпревар, откако стигна до 51 поен во поразот од Орландо (138:127).

„Мислам дека е „кул“. Зборува за тоа кој сум и колку верувам во себе. Луѓето околу мене имаат многу доверба во мене, ме ставаат во вистинските ситуации. Најважно е да се подобрувам – да работам цела година и да се фокусирам на себе и на тимот“, рече Флег.

Тој експлодираше во завршницата – постигна 24 поени во последната четвртина, откако тренерот Џејсон Кид и соиграчот Наџи Маршал беа исклучени поради протест кон судиите кои не досудија фаул врз него. Младиот кошаркар шутираше 19/30 од поле, ги погоди сите седум слободни фрлања и го надмина својот претходен личен рекорд од 49 поени.

Неговата игра беше дополнително поттикната од ситуацијата на теренот, кога неговиот тренер и соиграч застанаа во негова одбрана:

„Знам дека мојот тренер ме поддржува, како и Надја. Гледањето на нивните емоции и борбата за мене ме мотивираше уште повеќе.“

Тренерот на Далас, Џејсон Кид, не можеше да ја скрие возбудата.

„Тој треба да биде Дебитант на годината. Неверојатно е што прави. Луѓето не го гледаат истото што ние го гледаме секој ден. Тој е во ретко друштво – со најголемите, како Мајкл Џордан и она што го направи во својата дебитантска сезона како тинејџер.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...